znamemk_z33t_kirzname

РМЗО - РАДИОАМАТЕРСКА МРЕЖА ЗА ОПАСНОСТ


I Z33T home page I страници на македонски јазик I


кликнете на сликата за да ја видете во висока резолуција

rmzo_mkd_thumbnail

Радиоаматерската мрежа за опасност (РМЗО) претставува посебна општествено-корисна активност во која радиоаматерите на доброволна основа партиципираат при справување со кризи, елементарни непогоди и вонредни ситуации.

Во случај на потреба, радиоаматерите, учесници во РМЗО соработуваат со соодветни државни институции или сродни невладини организации како што се Центарот за управување со кризи, Црвен крст и слични.

Радиоаматерската мрежа за опасност (РМЗО) подразбира воспоставување на радио врски на КБ или на УКБ на локално, регионално или државно ниво помеѓу радиоаматерите учесници во мрежата, кои доброволно се ставаат на располагање на државните професионални институции или други доброволни хуманитарни организации како што е Црвениот крст, за да се пренесуваат информации во случај на отсуство на други комуникации, со цел да се помогне за побрзо справување со елементарни непогоди, вонредни состојби и други кризи.

Во нормални околности Радиоаматерскиот сојуз на Македонија врши планирање, организирање обука, воспитување, оспособување и тренинг на радиоаматерите за учество во радиоаматерската мрежа за опасност, во рамките на своите можности. Со овие активности се стекнуваат стручни знаења за начинот на комуникација и пренесување на информации во кризни состојби, елементарни непогоди, вонредни ситуации и други потреби.

r1

Презентација на РМЗО и обука во Лесново на младите лидери од организацијата на Црвен крст


Радиоаматерската мрежа за опасност (РМЗО) е организирана на локално, регионално и национално ниво. Со истата раководи тим од управната радио станица, кој информациите ги доставува до заинтересираната страна.

Комуникациите во РМЗО се вршат на радиоаматерските фреквенции од краткобрановото подрачје (КБ) и ултракраткобрановото подрачје (УКБ).
За активност на УКБ подрачјето, во зависност од саканата област на комуникација, Радиоаматерскиот сојуз на Македонија може да ја користи и својата репетиторска мрежа (постојана или привремена, во зависност од ситуацијата). Репетиторите се поврзани со електрично напојување, а може да се организира и автономен соларен систем за напојување.

Радиоаматерите учесници во РМЗО се искусни и стручни лица кои се подготвени на брз и стручен начин да ги пренесат потребните податоци и информации до крајниот корисник.

Оваа мрежа може да биде од голем интерес за општествената заедници во услови на вонредни состојби (прекин на електрична енергија, земјотреси, пожари, поплави, епидемии и сл.). а особено во услови кога останатите системи за комуникација не функционираат.

Радиоаматерскиот сојуз на Македонија е член на IARU Emergency Communications (Amateur Radio Emergency Services) во составот на Меѓународната радиоаматерска унија.

Што се однесува до случаи кога индивидуален радиоаматер има потреба од помош или сака да пренесе итна информација преку радио врска (во отсуство на друга комуникација) тоа може да го стори во секое време доколку воспостави врска со друг радиоаматер/и на КБ или УКБ. Притоа, треба да се користи фреквенција за која се знае дека таму веројатноста да се воспостави врска со друг радиоаматер е најголема. На пример, на УКБ најдобро е ако има репетитор кој е во функција и кој е во досег од локацијата на која се наоѓаме. Доколку нема репетитор, можеме да се обидеме на централната симплекс фреквенција која е предвидена за вакви случаи (145.500 MHz) и која најчесто се користи.

Радиоаматерски сојуз на Македонија
П р е т с е д а т е л,
м-р Миле Кокотов

 

r4

r3

r2

r1

r4a

r5

r6

r7

r8

rmzo_jakna

 

Погледнете некои од другите интересни радиоаматерски дисциплини и активности на овие линкови:

- Радиоаматерство - прекрасно корисно хоби за сите возрасти

- Аматерско радиоконструкторство (АРК)

- Аматерско радиооператорство (АРО)

- Аматерска Радиогониометрија (АРГ)

- Радиоаматерски врски со телефонија (фонија)

- Радиоаматерски врски со телеграфија, односно со морзеовата азбука

- Симплекс и Дуплекс VHF/UHF радиоврски

- Радиоаматерски УКБ-врски на растојание од 200 км со евтини рачни радиостаници

- Радиоаматерски врски преку јонизирани метеорски трагови

 

 

Миле Кокотов (2017 година)

Авторот е магистер по технички науки, со искуство од речиси 40 години во РФ-техниката и е Претседател на Радиоаматерскиот сојуз на Македонија

Разгледајте ги и другите написи и проекти на неговата веб-страница

 


 

I Z33T home page I страници на македонски јазик I