zname_mk mk_z33t zname_mk

РАДИОАМАТЕРСКИ ВРСКИ (ФОНИЈА)


I Z33T home page I страници на македонски јазик I


sl1 . sl2

Радиоаматерството е прекрасно хоби кое освен што е многу интересно, овозможува стекнување на техничко знаење кое на младите ќе им користи во текот на целиот живот. Некои интересни податоци за ова корисно и занимливо хоби можете да видете на ова видео.

Радиоаматерството има повеќе дисциплини. Една од нив е радиооператорството. Радиоаматерите - оператори одржуваат радиоврски преку радиобранови. Одржувањето на радиоврски е интересно и многу корисно за младите радиоаматери. Освен што се запознаваат со други радиоаматери и стекнуваат нови пријатели од целиот свет, преку одржување на радиоврски се стекнува и развива корисно техничко знаење и телекомуникациски вештини. Еве само дел од нив:

- сознанија за ширење на радиобрановите и нивните карактеристики во зависност од фреквенцијата односно брановата должина;
- стекнување на знаење за техниките за радиокомуникација, разни видови на модулација и пренос на сигнали преку радиобранови;
- влијание на атмосферата и јоносферските услови на простирањето на радиобрановите;
- практично запознавање со разни видови на антени и нивни карактеристики;
- усовршување на странски јазик - при одржување на радиоврски со странските радиоаматери, најчесто се користи англискиот јазик, потоа француски, германски, шпански, италијански и др.

Радиоаматерските врски се одржуваат на разни начини. На пример, со „фонија“, односно говор во микрофон (на сличен начин како преку телефон), потоа со употреба на морзеови знаци или други радиоврски со специјални видови на модулација.

За радиоаматерите-почетници, најинтересни и најлесни се врските со директно зборување преку микрофон, односно гласовни фонија-радиоврски со таканаречена SSB (single side band) модулација и ФМ (фреквенциска модулација).

sl3

Во радиоаматерските врски, вообичаено се користат кратенки. Некои се преземени од маѓународниот Q-код, а радиоаматерите со текот на времето ги прилагодиле за своја употреба, со малку подизменето значење, но суштината останала иста. Еве некои од најчесто користените кратенки при „фонија“-врски:

CQ - општ повик до сите што слушаат
DX - далечна радиостаница (оддалечена повеќе од 3000 km)
CQ DX - повик само за далечни радиостаници

QRB - растојание помеѓу две радиостаници
QRM - пречки од други радиостаници и индустриски радио пречки
QRN - пречки од атмосферски празнења и друг радио шум од природата
QRO - голема моќ на радиостаницата (предавателот)
QRP - мала моќ на радиостаницата (предавателот)
QRT - ја исклучувам радиостаницата
QRV - подготвен
QRX - почекај
QRZ - кој ме повикува?
QSB - променлива јачина на радио сигналот
QSL - примено (потврда дека се е примено)
QSO - радиоврска
QSY - промени ја фреквенцијата (оди на друга фреквенција)
QTH - место (град) каде е лоцирана радиостаницата
QTR - време (часови и минути)

WX - временски услови
R (Roger) - разбрано (примено)
73 - радиоаматерски поздрав
88 - радиоаматерски бакнежи

На овој линк ќе можете да видете повеќе кратенки кои се употребуваат во радиоаматерскиот сообраќај

 

sl4

При одржувањето на „фонија“-врски, радиоаматерите задолжително даваат оценка за квалитетот на сигналот од соговорникот. Тоа се нарекува рапорт. Рапортот се состои од две цифри. Првата цифра (од 1 до 5) е оценка за разбирливоста на сигналот. Притоа 1 е потполно неразбирлов сигнал, а 5 е потполно разбирлив сигнал. Втората цифра (од 1 до 9) е оценка за јачината на сигналот. Притоа 1 е многу слаб сигнал, едвај приметлив, а 9 е многу јак сигнал. Еве неколку примери:

- рапорт „59“ („пет-девет“, односно „five-nine“ на англиски), значи дека сигналот на соговорникот е потполно разбирлив (максимална оценка „5“ за разбирливост) и сигналот е многу силен (оценка „9“ за јачина на сигналот)

- рапорт „45“ („четири-пет“, односно „four-five“ на англиски), значи дека сигналот на соговорникот е многу добро разбирлив (оцена „4“ за разбирливост) и јачината на сигналот му е средна (оценка „5“ за јачината на сигналот)

- рапорт „33“ („три-три“, односно „three-three“ на англиски), значи дека сигналот на соговорникот е тешко разбирлив (оцена „3“ за разбирливост) и јачината на сигналот му е слаба (оценка „3“ за јачината на сигналот)

При одржување на радиоаматерските „фонија“-врски често се врши спелување на буквите за подобро да се разбере зборот. На пример буквата А се спелува како „Алфа„, буквата Б се спелува како „Браво“, буквата М се спелува како „Мајк“ или „Мексико“ и така натаму. Во оваа табела е даден начинот на кој се спелуваат сите букви и бројки од интернационалната азбука:

tabela_za_speluvanje

 

tabela_spel

 

 

Во оваа статија, ќе наведам неколку примери на радиоаматерски врски со „фонија“.

Врската може да биде кратка, средна или подолга.
- Во кратката врска се разменуваат повикувачките знаци и рапорт (оценка за јачината на сигналот и разбирливоста)
- Во средно долгата врска се разменуваат повикувачките знаци, рапорт, име и QTH, односно локацијата.
- Во подолгата радиоаматерска врска се разменуваат повикувачките знаци, рапорт, име, QTH, вид на уреди и антени со кои се работи, временска состојба и слично. Пријателите кои повеќе пати меѓусебно имаат одржано радио врска, си разговараат и за други работи од нивен интерес.

- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -

Кратка радиоаматерска врска

Еве еден пример за кратка радиоаматерска врска (на англиски јазик) помеѓу радиоаматер со повикувачки знак Z37DX, од Македонија и радиоаматер со повикувачки знак G1ABC, од Англија:

Нека на пример, прв повикува Z37DX:
CQ, CQ, CQ, this is Z37DX, Z37DX calling CQ and standing by.
На повикувањето од Z37DX му се јавува G1ABC:
Z37DX, Z37DX, this is G1ABC, G1ABC, do you copy me? Over!
Откако Z37DX го слушнал G1ABC како го повикува, му одговара и му дава рапорт (оценка за квалитетот на неговиот сигнал):
G1ABC this is Z37DX, your signal report is 59, 59, Over!
потоа G1ABC му одговара на Z37DX, му дава рапорт (оценка за квалитетот на неговиот сигнал) и го поздравува:
Z37DX this is G1ABC, thanks for the 59, your signal report is also 59, 59. 73, Over!
На крајот Z37DX му одговара на G1ABC и му упатува поздрави:
G1ABC this is Z37DX, 73!
Со тоа врската завршува!

- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -

Средно-долга радиоаматерска врска

Еве еден пример за средно долга радиоаматерска врска помеѓу помеѓу радиоаматер со повикувачки знак Z37DX, од Македонија и радиоаматер со повикувачки знак G1ABC, од Англија (на англисникот јазик). Притоа се разменуваат повикувачките знаци, рапорт, име и QTH, односно локацијата):

Нека, на пример, прв повикува Z37DX:
CQ, CQ, CQ, this is Z37DX, Z37DX calling CQ and standing by.
На повикувањето од Z37DX му се јавува G1ABC:
Z37DX, Z37DX, this is G1ABC, G1ABC, do you copy me? Over!
Откако Z37DX го слушнал G1ABC, му се јавува, му дава рапорт, го кажува своето име и својата локација:
G1ABC this is Z37DX, your signal report is 59, 59, my name is IVAN, like: India, Victor, Alfa, November, IVAN is my name. My QTH is STIP, like: Sierra, Tango, India, Papa, STIP is my QTH. How do you copy me? Over!
G1ABC му одговара на Z37DX и исто така му дава рапорт, го кажува своето име и својата локација:
Z37DX this is G1ABC, thanks IVAN for the 59, your signal report is also 59, 59, my name is JOHN, like: Juliet, Oscar, Hotel, November, JOHN is my name and I am located in LONDON, like: Lima, Oscar, November, Delta, Oscar, November, LONDON is my QTH. How do you copy me? Over!
Сега Z37DX му одговара на G1ABC:
G1ABC this is Z37DX, thank you JOHN for the nice report, 73 and Goodbye! (или bye – bye).
На крајот G1ABC му одговара на Z37DX:
Z37DX this is G1ABC, 73 IVAN !
Со тоа врската завршува!

- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -

Подолга радиоаматерска врска

Еве еден пример за  подолга радиоаматерска врска помеѓу помеѓу радиоаматер со повикувачки знак Z37DX, од Македонија и радиоаматер со повикувачки знак G1ABC, од Англија (на англисникот јазик). Притоа се разменуваат повикувачките знаци, рапорт, име, QTH, вид на уреди и антени со кои се работи, временска состојба и слично:

Нека, на пример, прв повикува Z37DX:
CQ, CQ, CQ, this is Z37DX, Z37DX calling CQ and standing by.
На повикувањето од Z37DX му се јавува G1ABC:
Z37DX, Z37DX, this is G1ABC, G1ABC, do you copy me? Over!
Откако Z37DX го слушнал G1ABC, му се јавува и му дава рапорт, своето име и својата локација:
G1ABC this is Z37DX, your signal report is 59, 59, my name is IVAN, like: India, Victor, Alfa, November, IVAN is my name. My QTH is STIP, like: Sierra, Tango, India, Papa, STIP is my QTH. How do you copy me? Over!
G1ABC му одговара на Z37DX:
Z37DX this is G1ABC, thanks IVAN for the 59, your signal report is also 59, 59, my name is JOHN, like: Juliet, Oscar, Hotel, November, JOHN is my name and I am located in LONDON, like: Lima, Oscar, November, Delta, Oscar, November, LONDON is my QTH. How do you copy me? Over!
Сега Z37DX му одговара на G1ABC и му дава информации за својата радиостаница, антена, временските услови на својата локациија и кажува дека би сакал да разменат QSL-картички како потврда за одржаната врска:
G1ABC this is Z37DX, thank you JOHN for the nice report, I am working with “Yaesu”-transceiver – FT857D and antenna is dipole. Weather conditions here in Macedonia are (Nice, Bad, Windy, Sunny, Cloudy) and the temperature is about 20 degrees Celsius. I would like to exchange QSL cards. I will send my QSL card to you and I look forward to receive your QSL card. Thanks for the nice QSO, I wish you many good DX and I hope to meet you again. 73 JOHN and Goodbye! (или bye – bye).
На крајот G1ABC му одговара на Z37DX, му дава неколку информации за својата опрема, временски услови и потоа му кажува дека ќе испрати своја QSL-картичка за него, а ќе биде убаво ако добие QSL-картичка од него, како потврда за одржаната врска:
Z37DX this is G1ABC, thank you IVAN for the nice information, I am working with “ICOM”-transceiver – IC-706 and my antenna is “Ground Plane”. Weather conditions here in LONDON are (Nice, Bad, Windy, Sunny, Cloudy) and the temperature is about 18 degrees Celsius. I will send my QSL card to you and will be nice to receive your QSL card too. Thanks for the nice QSO, I wish you many good DX and I hope to see you again. 73 IVAN and Goodbye ! (или bye – bye).

Со тоа врската завршува!

- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -

 

Радиоаматерите - оператори, задолжително водат дневник во кој ги запишуваат податоците за одржаните радиоврски.Еве еден пример:

dnevnik_small

кликни на сликата за да се прикаже во поголема резолуција

 

На интернет има неколку добри online-дневници за запишување на радиоаматерските врски, ама сепак, пожелно е да се има и хартиена копија, за секој случај.

На овој линк можете да симнете готов дневник во PDF-формат за печатење на хартија со А4 формат

 

Како потврда за одржаната врска испраќаат QSL-картичка. Ова ќе го објаснам во следната статија на мојата веб-страница која се подготвува...

 

 


I Z33T home page I страници на македонски јазик I