zname_mk mk_z33t zname_mk

УКБ РАДИОВРСКИ НА ГОЛЕМО РАСТОЈАНИЕ СО ЕВТИНИ РАЧНИ РАДИОСТАНИЦИ „БАОФЕНГ“


I Z33T home page I страници на македонски јазик I


Во неделата, на 20 октомври, 2019 година, времето беше убаво, сончево и топло, па заедно со Дарко (Z33JBT) и Ване (претседателот на нашиот клуб), го искористивме да отидеме на планината Осогово (Пониква). Со нас ги зедовме нашите рачни евтини кинески радиостаници и неколку рачно изработени антени за VHF и UHF.

Од планината одржавме голем број на симплекс радиоврски и преку репетитори, со радиоаматери од Македонија, Србија и Бугарија.

Боби (Z33PB) од Битола, се беше искачил на планината Баба, на околу 1900 метрни надморска висина. Со него се слушавме многу чисто, како да беше блиску до нас, иако растојанието изнесуваше околу 150 километри. Потоа се слушавме со Игор (Z32DIF), кој се беше искачил на планината Кораб. Исто така, е слушнавме со повеќе радиоаматери од Скопје, Неготино, Пробиштип...

Од Србија се јави Милан, YU1PRМ. Тој заедно со уште неколку радиоаматери од Србија се искачил на планината Ртањ, на околу 200 километри од нас. Се слушавме одлично иако и тој користеше рачна радиостаница и само 2,5W излена РФ-моќ. Се слушнавме и со уште неколку радиоаматери од Бугарија и Србија...

Дарко стекна нов пријател од Бугарија. Тоа беше Емил од Банско, кој изрази желба, кога ќе дојде во Македонија, да го посети нашиот радио клуб.

Користевме разни антени. Освен оригиналните „пендерк“-антени, работевме и со мегнетна автомобилска антена, потоа моксон-антена, Ј-антена и други. Моксон антената се покажа како најдобра.

Во продолжение неколку фотографии и видеа од овој убав октомвриски ден на планината Осогово:

1

Од лево на десно: Ванчо Инџекаров, Дарко Ѓорѓиевски (Z33JBT) и Миле Кокотов (Z33T)

2

3

4

5

Дарко ја држи моксон-антената, а до него е Ванчо Инџекаров

 

На следнава мапа се прикажани растојанијата на кои одржавме радиоврски работејќи со евтини кинески рачни радиостаници од планината Осогово:

map_small

Кликнете на горнава слика за да ја видете во поголема резолуција

 

Радиоврската помеѓу Миле, Z33T и Милан, YU1PRM, кој се јави од врвот на планината Ртањ во Србија, на растојание од околу 200 километри од нас, е снимена на видео и објавена на Youtube. Двајцата работевме со рачни радиостаници и околу 4 W излезна РФ-моќ. Видеото можете да го видете на овој ЛИНК..

Радиоврската помеѓу Миле, Z33T и Тодор, LZ2NSO, кој се јави од Софија - Бугарија, преку репетитор на врвот Мусала, на растојание од околу 100 километри од нас, можете да ја видите на овој ЛИНК.

Радиоврската помеѓу Дарко, Z33JBT и Емил, LZ1UH, кој се јави од Банско- Бугарија, преку репетитор на врвот Мусала, на растојание од околу 100 километри од нас, можете да ја видите на овој ЛИНК.

 

 

Миле Кокотов (октомври 2019 година)

Авторот е магистер по технички науки, со искуство од речиси 40 години во РФ-техниката (професионално и аматерски)

Разгледајте ги и другите написи и проекти на неговата веб-страница


I Z33T home page I страници на македонски јазик I