zname_mk mk_z33t zname_mk

АМАТЕРСКО РАДИОКОНСТРУКТОРСТВО (АРК)


I Z33T home page I страници на македонски јазик I


Аматерско радиоконструкторсто (или радиоаматерско конструкторство) е интересна радиоаматерска активност при која радиоаматерите-конструктори, љубители на радиотехниката и електрониката, изработуваат разни електронски уреди, радиоприемници, радиопредаватели, антени и слични склопови.          

Некои интересни податоци за радиоаматерството можете да видете на ова видео.

Радиоконструкторството е само една од многуте радиоаматерски активности кои го прават ова хоби многу разновидно.

Ова прекрасно хоби, преку забава овозможува стекнување на техничко знаење кое на младите ќе им користи во текот на целиот живот. Рачно изработените уреди чинат далеку поевтино од фабрички произведените за иста функционалност, а задоволството при употреба на уреди кои сами сме ги направиле е многу поголемо, отколку да се купи готов фабрички произведен уред. Дополнително на ова, искуството и знаењето кое го стекнуваме со проектирање и изработка на разни електронски склопови е непроценливо.

На следниве неколку фотографии се прикажани моменти од обука на младите радиоконструктори (курс за електроника и радиотехника во радио клубот „Никола Тесла“ - Штип):

obuka1

obuka2

obuka3

obuka4

obuka5

 

Во продолжение следуваат неколку фотографии од рачно изработени електронски уреди и антени од страна на македонски радиоаматери:

ark1.
Електронски часовник со Ардуино микроконтролер,
изработен од Бобан, Z33BOB

 

ark2..
Горан, Z35O, сo дел од своите многубројни рачно изработени уреди

 

antena_s1 . antena_s2.
Електронски селектор на антени со далечински преклопник

 

ps1 . ps2.
Лабораториски извор на напојување со регулација 0-30V / 2mA - 3A
(кликнете на една од сликите за повеќе информации)

 

arg_tx1

arg_tx2

arg_tx3.
Автоматски АРГ-предаватели за „лов на лисици“

 

qrm_el1

qrm_el2.
QRM-Елиминатор

 

.rf-att.
РФ-атенуатор

 

rf_powermeter1.
Мерач на РФ-моќност

 

cw_beacon1.
Автоматски програмабилен CW Радио-Фар со Ардуино микроконтролер
(кликнете на сликата за повеќе информации)

 

qcx1.
QCX-мини CW-Трансивер за 14 MHz. Иако овој уред е многу мал и може да се носи в џеб,
со добра антена овозможува да се комуницира со радиоаматери од сите континенти.

 

ant_rpt1 . ant_rpt2.
Антени за УКБ-репетитор

 

ant_7el.
Јаги антена со 7 елементи за УКБ


anteni1.
Mлади радиоаматери од Штип учат како се конструираат и поставуваат антени

 

anteni2.
Mлади радиоаматери од Штип учат како се конструираат и поставуваат антени
Од лево на десно: Иван (Z33IMS), Велјан (Z33C), Дарко (Z33JBT), Мето (Z33MED), Бобан (Z33BOB) и Иван (Z33ROC)

 

anteni3s.
Поставување на антени на контест локација крај Штип
(кликнете на фотографијата за да ја видете во поголема резолуција)

 

Работењето со фабрички уреди е интересно и овозможува уживање во радиоаматерското хоби, ама чувството кога самиот ќе си направиш уред или антена и ќе одржиш врска со некој од другата страна на планетата е незаменливо! Изработката на радиоуреди, антени и други радиотехнички склопови е активност на една посебна радиоаматерска дисциплина која се нарекува аматерско радиоконструкторство (АРК).

Младите љубители на електрониката и радиотехниката можат да се зачленат во некои од постоечките радио клубови во Македонија каде ќе можат да се дружат со свои врсници, да разменуваат искуства, но и полесно да ги научат тајните на интересното радиоаматерско хоби од повозрасните и поискусните клубски членови. Голем дел од македонските радиоаматери членуваат во фејбук-групата Радиоаматери-Македонија, каде исто така има интересни радиоаматерски содржини.

Погледнете некои од другите интересни радиоаматерски дисциплини и активности на овие линкови:

- Радиоаматерство - прекрасно корисно хоби за сите возрасти

- Аматерско радиооператорство (АРО)

- Аматерска Радиогониометрија (АРГ)

- Радиоаматерска мрежа за опасност (РМЗО)

- Радиоаматерски врски со телефонија (фонија)

- Радиоаматерски врски со телеграфија, односно со морзеовата азбука

- Симплекс и Дуплекс VHF/UHF радиоврски

- Радиоаматерски УКБ-врски на растојание од 200 км со евтини рачни радиостаници

- Радиоаматерски врски преку јонизирани метеорски трагови

 

 

Миле Кокотов (2021 година)

Авторот е магистер по технички науки, со искуство од речиси 40 години во РФ-техниката и е Претседател на Радиоаматерскиот сојуз на Македонија

Разгледајте ги и другите написи и проекти на неговата веб-страница


I Z33T home page I страници на македонски јазик I