zname_mk mk_z33t zname_mk

СИМПЛЕКС И ДУПЛЕКС VHF/UHF РАДИОВРСКИ


I Z33T home page I страници на македонски јазик I


ШТО СЕ ТОА СИМПЛЕКС И ДУПЛЕКС VHF/UHF РАДИОВРСКИ?

Симплекс радиоврски се оние врски кои се оддржуваат директно, без посредство на репетитор. Учесниците во радиоврската емитуваат и примаат на иста фреквенција. Овој вид на комуникација се применува кога сите учесници се наоѓаат релативно блиску или на поволни локации (без високи ридови или планини помеѓу нив), па сите можат да се слушнат еден со друг.

Дуплекс радиоврски се одржуваат со посредство на репетитор.
Репетиторот најчесто се наоѓа на некое високо место (врв на планина или рид), па така, учесниците во радиоврската можат да се наоѓаат на пониски места од кои не можат директно да се слушнат на симплекс.

simplex-duplex

 

При комуницирање преку репетитор (дуплекс) Учесниците во радиоврската емитуваат на една фреквенција (на онаа на која репетиторот слуша, односно тоа е влезната фреквенција на репетиторот), а слушаат на друга фреквенција (тоа е фреквенцијата на која репетиторот емитува, односно тоа е излезната фреквенција на репетиторот).

Репетиторот ги прима сигналите на својата влезна фреквенција (на пример 433.000 MHz) и истите сигнали ги реемитува на својата излезна фреквенција (на пример 434.600 МHz)

За да можат да работат преку репетитор, сите учесници во радиокомуникацијата, треба своите радиостаници да ги нагодат соодветно, односно за работа преку репетитор. Притоа радиостаницата емитува на една, а прима на друга фреквенција автоматски.

 

Табела со влезни и излезни репетиторски фреквенции во VHF-опсегот од 145 MHz:

v-repetitori

На пример, ако сакате да работите преку репетитор RV4 (ознака на каналот RV-08), Вашата радиостаница треба да слуша на фреквенција од 145.700 MHz, а да емитува на 145.100 MHz (600 kHz пониско, односно -600 kHz). Види ја горната табела.

 

Табела со фреквенции на симплекс-каналите во VHF-опсегот од 145 MHz:

v_s_kanali

 

Табела со влезни и излезни репетиторски фреквенции во UHF-опсегот од 432 MHz:

1_uhf_repetitori1

На пример, ако сакате да работите преку репетитор RU1 (ознака на каналот RU-242), Вашата радиостаница треба да слуша на фреквенција од 433.625 MHz, а да емитува на 433.025 MHz (1600 kHz пониско, односно -1600 kHz). Види ја горната табела.

 

Табела со фреквенции на симплекс-каналите во UHF-опсегот од 432 MHz:

u_s_kanali

 

- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -

 

Миле Кокотов (2020 година)

Авторот е магистер по технички науки, со искуство од речиси 40 години во РФ-техниката.

Разгледајте ги и другите написи и проекти на неговата веб-страница


I Z33T home page I страници на македонски јазик I