zname_mk mk_z33t zname_mk

НАЈЧЕСТО КОРИСТЕНИ КРАТЕНКИ ПРИ ОДРЖУВАЊЕ НА РАДИОАМАТЕРСКИ ВРСКИ


I Z33T home page I страници на македонски јазик I


При одржување на радиоаматерските врски, а особено во врските со телеграфија, вообичаено се користат кратенки. Некои се преземени од маѓународниот Q-код, а радиоаматерите со текот на времето ги прилагодиле за своја употреба, со малку подизменето значење, но суштината останала иста. Еве некои од најчесто користените кратенки кои се употребуваат во радиоаматерските врски:

ABT - приближно, околу (од англискиот збор: about)
AGN - повторете уште еднаш (од англискиот збор: again)
ALL - сè вкупно
АМ - амплитудна модулација
ANT - антена
AR - крај на пораката - соопштението (се куца заедно, односно слеано, а тоа е еднакво на знакот + од морзеовата азбука)
AS - почекајте малку (се куца заедно - слеано)
BK - прекинувам /оваа кратенка се емитува при брза работа во радиоврска со телеграфија, а означува прекин на предавањето (break) и преоѓање на прием и обратно/
BEST - најдобро, најдобри, најубаво, најубави
BURO - биро (од англискиот збор bureau) - се мисли на биро преку кое се испраќаат QSL-картички
CALL - повик (истата кратенка означува и радиоаматерски повикувачки знак)
CFM - потврдувам (од англискиот збор: confirm)
CL - Ја исклучувам радиостаницата
CONDS - услови (од англискиот збор: conditions). истото значење го има и кратенката CONDX
CONGRATS - честитам, честитки (од англискиот збор: congratulations)
CQ - општ повик до сите што слушаат
CQ DX - повик само за далечни радиостаници
CQ TEST - општ повик до сите радиостаници кои учествуваат во натпреварот
CU - се слушаме повторно /во вид на поздрав/ (од англискиот израз: see you)
CUAGN - се слушаме повторно /во вид на поздрав/ (од англискиот израз: see you again)
CUL - до скоро видување /во вид на поздрав/ (од англискиот израз: see you later)
CW - немодулиран сигнал (од англискиот израз: continuous wave) односно немодулирана телеграфија. Често со оваа кратенка се означува „работа со телеграфија“.
DE - од
DR - мил /драг/ (од англискиот збор: dear)
DX - далечна радиостаница (оддалечена повеќе од 3000 km)
ES - и
FB - многу добро (од англискиот израз: fine business)
FER - за
FM - фреквенциска модулација
FOR - за
FRM - од (од англискиот збор: from)
GA - ајде продолжете да емитувате (од англискиот израз: go ahead). некои ја употребуваат оваа кратенка за „пријатно попладне“ (од англискиот збор good afternoon)
GB - пријатно /поздрав/ (од англискиот збор: goodbye)
GD - добар ден (од англискиот израз: good day)
GE - добра вечер (од англискиот израз: good evening)
GM - добро утро (од англискиот израз: good morning)
GN - добра ноќ (од англискиот израз: good night)
GND - заземјување (од англискиот збор: ground)
GUD - добро
HI - смеење (се смеам)
HPE - се надевам (од англискиот збор: hope)
HR - овде, тука (од англискиот збор: here)
HW? - како ме разбравте?
IN - во
INFO - информација
IS - e
К - преоѓам на прием - почните да емитувате
KN - преоѓам на прием - нека почне да емитува само радиостаницата со која сум во радиоврска
LOG - дневник за радиоаматерски врски
MNI - многу (од англискиот збор: many). некои ја употребуваат кратенката MNY со исто значење
MY - мој, мое, моето моја, мојата, моите...
NAME - име
NICE - убаво, прекрасно (англиски збор)
NR - во близина на... (од англискиот збор near). Оваа кратенка со прашалник (NR?) се употребува за да побарате од соговорникот повторно да го емитува бројот на врската во некој натпревар.
NW - сега (од англискиот збор: now)
OC - стар пријател (близок пријател)
OK - се е во ред
OM - пријател, стар пријател (од англискиот израз: old man)
ONLY - само
OP - оператор
PA - излезен засилувач на моќ (од англискиот збор: power amplifier)
PSE - ве молам (од англискиот збор: please)
PWR - моќност (од англискиот збор: power)
R (Roger) - разбрано
RCVR - радиоприемник (од англискиот збор: receiver)
RFI - радио пречки (од англискиот израз: radio frequency interference)
RIG - радиоуред
RPT - повторете (од англискиот збор: repeat)
RPRT - рапорт
RTTY - телепринтер (од англискиот збор: radioteletype)
RST - оцена за квалитетот на сигналот според RST-скалата (R = readability = разбирливост од 1 до 5, S = strength = јачина на сигналот од 1 до 9, Т = tone = квалитет на тонот од 1 до 9)
RPRT - рапорт
RX - радиоприемник
SIG - сигнал
SK - завршувам со работа, се исклучувам
SKED - закажана врска
SRI - жалам (од англискиот збор: sorry)
SSB - вид на модулација за емитување на телефонија (single side band). може да биде LSB (lower sideband) и USB (upper sideband)
SURE - сигурно, сигурна
SW - кратки бранови од англискиот израз: shortwaves (фреквенциски појас од 3 do 30 MHz или бранова должина од 100 до 10 метри)
SWL - радиоаматер кој само слуша со радиоприемник (не емитува со радиопредавател) - приемен радиоаматер
TEST - радиоаматерски натпревар (contest)
TKS - благодарам (од англискиот збор: thanks)
TMW - утре (од англискиот збор: tomorrow)
TNX - благодарам (од англискиот збор: thanks)
TRCVR - примопредавател (трансивер)
TU - благодарам (од англискиот израз: thank you)
TX - радиопредавател
TXVR - примопредавател (трансивер)
UFB - прекрасно (од англискиот израз ultra fine business)
UR - ваш, ваше, вашето, вашиот, вашите...
UP - погоре, повисока фреквенција
VIA - преку, односно со посредство на (на пример: QSL IS SURE VIA BURO = QSL-картичката ќе биде сигурно испратена преку биро)
VY - многу (од англискиот збор: very)
W - вати (единица за моќност) некои го употребуваат целиот израз: WATTS
WATTS - вати (единица за моќност) некои употребуваат само W.
WKD - веќе изработено (од англискиот збор: worked)
WPM - зборови во минута /брзина/ (од англискиот израз: words per minute)
WX - временски услови
XMTR - предавател
XYL - сопруга (омажена дама - радиоаматер)
YL - девојка (од англискиот израз: young lady)
- преоѓам на прием
73 - радиоаматерски поздрав
88 - радиоаматерски бакнежи

EEEEЕЕЕ - грешка (се емитува серија на точки)

А ова се кратенки од меѓународниот Q-код кои најчесто ги употребуваат радиоаматерите. Некои од нив, радиоаматерите со текот на времето ги прилагодиле за своја употреба, со малку подизменето значење, но суштината останала иста:

QRB - растојание помеѓу две радиостаници
QRL - зафатено (дали е оваа фреквенција зафатена: QRL?)
QRM - пречки од други радиостаници и индустриски радио пречки
QRN - пречки од атмосферски празнења и друг радио шум од природата
QRO - голема моќ на радиостаницата (предавателот)
QRP - мала моќ на радиостаницата (предавателот) - до 5W
QRPP - многу мала моќ на радиостаницата (предавателот) - помала од 1W
QRQ - голема брзина на телеграфија (куцај со поголема брзина)
QRS - мала брзина на телеграфија (куцај поспоро)
QRT - ја исклучувам радиостаницата
QRU - Немам ништо повеќе за вас
QRV - подготвен
QRX - почекајте
QRZ - кој ме повикува?
QSB - јачина на радио сигналот се менува
QSL - примено (потврда дека се е примено)
QSO - радиоврска
QSY - промени ја фреквенцијата (оди на друга фреквенција)
QTH - место (град) каде е лоцирана радиостаницата
QTR - време (часови и минути)

 


I Z33T home page I страници на македонски јазик I