mk_z33t_kir

РФ-КОНВЕРТОРИ


I Z33T home page I страници на македонски јазик I


Ако сакате да примате радио сигнали од фреквенциското подрачје на долги, средни или кратки бранови со СДР приемници како што се RTL-SDR, Airspy или со било каков VHF/UHF приемник, тогаш Ви треба РФ-конвертор. Тоа е уред кој ги конвертира сигналите од пониските фреквенции (кои не може да ги прими приемникот), некаде во VHF опсегот каде што приемникот ќе може да ги прими. Со други зборови кажано, РФ-конверторот ги пренесува сигналите од едно фреквенциско подрачје, на некое друго фреквенциско подрачје каде што приемникот ќе може да ги прими.

Ако РФ-конверторот ги пренесува сигналите од пониско фреквенциско подрачје на повисоко фреквенциско подрачје се нарекува up-converter.

Ако РФ-конверторот ги пренесува сигналите од повиско фреквенциско подрачје на пониско фреквенциско подрачје, се нарекува down-converter.

На следнава слика е прикажана блок шемата на еден up-converter. Затоа на влезот има нископропусен филтер. Доколку РФ-конверторот е down-converter, тогаш на влезот ќе има високопропусен филтер.

up-converter_mkd

Оваа страница е во подготовка. Се уште не е завршена...

 


I Z33T home page I страници на македонски јазик I