zname_mk mk_z33t zname_mk

НАПРАВЕТЕ САМИ ОДЛИЧЕН СДР-КОНТРОЛЕР ОД СТАР ГЛУШЕЦ ЗА КОМПЈУТЕР


I Z33T home page I страници на македонски јазик I


Направете сами СДР-контролер со кој ќе можете мануелно да ја менувата фреквенцијата на вашиот СДР-уред, слично како кај професионалните и многу скапи СДР-контолери.

Се што ви треба е еден глушец за компјутер и ротирачки енкодер.

Глушецот за компјутер чини околу 200 денари нов, но можете да употребите и некој стар глушец.

Ротирачкиот енкодер можете да го набавете од ebay за околу 50 денари (rotary encoder EC16 with no detents). При нарачката на енкодерот, треба да внимавате да нарачате енкодер без таканаречените „кликови“ при вртењето. Два такви енкодери, мене ме чинеа 1,29 американки долари.

Потоа, одлемете го оригиналниот ротирачкиот енкодер во глувчето и на негово место со три жици залемете го новиот ротирачки енкодер кој ќе го монтирате во соодветна кутија и ќе му монтирате некое поголемо копче за да може менувањето на фреквенцијата да биде пријатно и лесно.

Доколку движењето на осовината на енкодерот не оди лесно, можете да го отворете енкодерот и да ја избришете силиконската маст. Потоа ќе можете да го вртете копчето лесно со еден прст...

Приклучете го вака направениот СДР-контролер на слободен УСБ конектор од Вашиот компјутер и веднаш ќе можете да го употребувате.

Нормалното компјутерското глувче за контрола на останатите функции на компјутерот приклучено во друга УСБ порта, исто така ќе биде функционално истовремено со СДР-контролерот..

Вака направениот контолер, освен за менување на фреквенција на СДР-уреди, ќе можете да го користете за скролување на интернет страници во вашиот интернет пребарувач, или за менување на јачината на звукот на компјутерскиот аудио плеер, потоа за контрола на софтверот за видео едитирење и слично...

Велат "Една слика вреди 1000 зборови", па во продолжение поставив неколку фотографии од изработката на овој СДР-контролер:

sdr_c1

sdr_c2

sdr_c3

sdr_c4

sdr5

sdr6

sdr7

Mожете да видете како работи овој одличен СДР-контролер во моето видео на YouTube овде.

 


I Z33T home page I страници на македонски јазик I