zname_mk mk_z33t zname_mk

ПРОГРАМАБИЛЕН АВТОМАТСКИ РАДИО-ФАР (BEACON) ЗА 3,5 MHz


I Z33T home page I страници на македонски јазик I


Ова е интересна и едноставна шема за изработка на автоматски програмабилен QRP радио-фар за радиоаматерскиот опсег од 3,5 MHz (80m).

Автоматиката е направена околу чипот PIC16F84A и може да се програмира со текст кој автоматски ќе се емитува преку РФ-предавателот, во вид на морзеови знаци во етерот преку антената на уредот.

На базата од транзисторот Т1 (BC547 или сличен) доаѓаат сигналите од PIC-контролерот, па во тој ритам транзисторот проведува и го тастува РФ-предавателот составен од интегралното коло CD4001 (кое служи како осцилатор) и излезниот РФ-засилувач со транзисторот Т2 (BD139-16). Излезната РФ-моќ е од 1 до 3 W.

schematic_small1

кликнете на горнава шема за да ја видете во поголема резолуција

 

На шемата подолу е прикажан само автоматот со PIC-контролерот PIC16F84A направен на монтажна плочка во време кога експериметирав со него, а на овој линк може да се види како работи контролерот:

pic_small

кликнете на горнава шема за да ја видете во поголема резолуција

 

Изработениот уред со монтирани елементи на печатена плочка може да се види како работи на следново видео.
Печатената плочка беше предвидена за АРГ-предавател (лисица) чија шема е слична на оваа за радио-фарот, па затоа некои елементи ги нема монтирано на плочката.

На ова видео може да се види и слушне сигналот од овој рафио-фар лоциран кај мене дома во Македонија, како е приман во Чешката Република, преку веб-СДР приемник во Чешка.

На ова видео може да се види и слушне сигналот од овој рафио-фар лоциран кај мене дома во Македонија, како е приман во Шведска, преку веб-СДР приемник во Шведска.

На ова видео може да се види и слушне сигналот од овој рафио-фар лоциран кај мене дома во Македонија, како е приман во Холандија, преку веб-СДР приемник во Холандија.

 

Изработениот уред го оставив да работи автоматски во текот на неколку вечери од 28 јануари до 2 февруари 2018 година. Антената беше обичен жичен дипол монтиран како инвертед „V“, така што највисоката средишна точка беше подигната на околу 9 метри од земјата, а краевите на антената беа на околу 2,5 метри од земјата. Коаксијалниот кабел беше RG-6 (импеданса од 75 оми) со должина од 30 метри. Подолу се добиените рапорти, од кои може да се заклучи дека сигналот бил приман во цела Европа, иако излезната РФ-моќ на предавателот беше само 1 W:

2018_01_31_1_small

кликнете на горнава слика за да ја видете во поголема резолуција

 

2018_01_31_2_small

кликнете на горнава слика за да ја видете во поголема резолуција

 

2018_01_31_3_small

кликнете на горнава слика за да ја видете во поголема резолуција

- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -

Миле Кокотов (2018 година)

Миле Кокотов е магистер по технички науки, со искуство од речиси 40 години во РФ-техниката и е Претседател на Радиоаматерскиот сојуз на Македонија

Разгледајте ги и другите написи и проекти на неговата веб-страница


I Z33T home page I страници на македонски јазик I