mk_z33t_kir

„MINI-WHIP“- АНТЕНА ЗА ПРИЕМ (5 kHz - 30 MHz)


I Z33T home page I страници на македонски јазик I


Ова е одлична активна антена за прием на многу ниски фреквенции, па се до 30 MHz. Базирана е на дизајнот од PA0RDT. Најпрвин направив една за проба, а откако бев пријатно изненаден од нивната супериорност во однос на другите антени кои ги имам, особено за ниските фреквенции, направив уште неколку. На youtube имам неколку мои видеа во кои го споредувам приемот на оваа прекрасна активна антена со жичениот делта-луп (43 метри долг). Линковите до овие видеа се на крајот од оваа страна.

mw1

Изглед на печатената плочка со залемени елементи:

mw2

mw3

Поглед на долната страна од печатената плочка:

mw4

Готовата Mini-whip антена ја ставив во пластична „кутија“ направена од две пластични шишиња од „Пепси“:

mw5

Ова е шемата на напојување на антената преку коаксијалниот кабел (power inserter - напонски внесувач):

mw6

Изглед на плочката со залемени елементи од „напонскиот внесувач“. Се гледаат десетина феритни тороиди нанижани на коаксијалниот кабел кој води до антената. Ова се прави за да се намалат евентуалните пречки кои ќе дојдат преку надворешниот проводник на коаксијалниот кабел. Колку фреквенцијата на прием е пониска, токлу ваквите пречки се поголеми. За намалување на овие пречки се употребува РФ-раздвоен трансформатор (галвански изолатор на горната и долните слики) кои ги раздвојува „масите“ на приемникот и „масата“ на коаксијалниот кабел кој води до антената.

mw7

mw8

Една mini-whip антена е поставено на покривот од мојата куќа:

mw9

Друга mini-whip антена е поставена во дворот:

mw10

Многу е важно надворешниот проводник (мрежата) од коаксијалниот кабел да се заземји во подножјето на антената и уште еднаш да се заземји во точка веднаш пред да влезе коаксијалниот кабел во куќата. Со вака изведено заземјување, пречките се елиминираат!

Mini-Whip антената претставува еден вид на вертикална антена која се напојува на својот врв, каде што напонот е многу висок а струјата многу мала. Импедансата е многу висока и одлично е прилагодена на влезниот степен на засилувачот во активната антена изведен со JFET Ј310, кој има многу висока импеданса.Вертикалната антена се формира од вертикалниот дел на коаксијалниот кабел со кој се напојува антената. Вториот транзистор 2N5109 или 2N3866 е засилувачки степен со висока струја на мирување (околу 45 mA) со што се осигурува голем динамички опсег на засилувачот. Овој транзистор не е пожелно да биде заменет со некој друг. Антената се напојува со 16 V, а вкупната струја треба да биде околу 55 mA. Можно е напојување и со понизок напон, но тогаш струјата ќе биде помала и динамичкиот опсег ќе биде исто така помал.

На YouTube имам поставено неколку видеа во кои правам споредба на приемот на овие mini-whip антени со класична делта-луп антена во мојот двор.

Во овие видеа, делта-луп антената е долга 33 метри. Сега имам нова, подолга (43.16 метри) која е резонантна на 7.1 MHz

Ова се линкови за некои од видеата:

Споредба на mini-whip со delta loop na 3.7 MHz

Споредба на mini-whip со delta loop na 7 MHz

Споредба на mini-whip со delta loop na 337 kHz

Споредба на mini-whip со delta loop na 153 kHz

Прием на сигнали во VLF подрачјето

 


I Z33T home page I страници на македонски јазик I