mk_z33t_kir

MFJ-945E МОБИЛЕН АНТЕНСКИ ПРИЛАГОДУВАЧ (1,6 до 60 MHz)


I Z33T home page I страници на македонски јазик I


МФЈ-945Е е мобилен антенски прилагодувач (Antenna Tuner) дизајниран за употреба во возила, бродови и портабл употреба, но може да се користи и како стационарен антенски прилагодувач, за моќност на предавателот до максимални 300 W (сепак јас не препорачувам да се употребува со предавател кој има поголема моќ од 200 W, особено ако антената што треба да се прилагоди има голем SWR). Може да се употребува во фреквенцискиот опсег од 1,6 до 60 MHz), иако на фреквенциите кои се блиску до долната и горната гранична фреквенција ефикасноста му е помала, односно потешко ја прилагодува импедансата на антените кон импедансата на предавателот. Може да го прилагоди предавателот да работи со речиси секаква мобилна стап-антена. Исто така, ќе ја прилагоди речиси секоја антена предвидена за стационарна работа, како што се дипол-антени, инвертед „Ве“-антени, вертикални антени, Јаги-бим антени... Практично може да прилагоди било која должина на жица или друг проводник за да работи како антена и да се напојува преку коаксијален кабел или единечна жица.

МФЈ-945Е има вградено инструмент со вкрстени иглести покажувачи преку кој може дирекно и истовремено да се отчита РФ-моќноста кон антената и рефлектираната моќност, односно големината на SWR-от.

Антенскиот прилагодувач, во основа се состои од „Т“ филтер, односно од еден калем со повеќе изводи и два променливи кондензатори.

Шемата на МФЈ-945Е е прикажана на следнава слика:

sema

кликнете на горнава шема за да ја видете во повисока резолуција

 

Следуваат фотографии од внатрешноста на антенскиот прилагодувач:

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

 


I Z33T home page I страници на македонски јазик I