zname_mk mk_z33t zname_mk

ФИЛТЕР ПРОПУСНИК НА НИСКИ ФРЕКВЕНЦИИ (LOW-PASS FILTER) Fc=530 kHz


I Z33T home page I страници на македонски јазик I


Нископоропусниот филтер (филтер пропусник на ниски фреквенции) е филтер кој ги пропушта пониските фреквенции од некоја дефинирана гранична фреквенција (fc), а сите повисоки фреквенции ги слабее со определена вредност која зависи од стрмнината на филтерот. Стрмнината на филтерот пак, зависи од бројот на LC-elementi (членови) на филтерот.

lpf_graphic

Кога со некој широкопојасен радиоприемник имаме желба да примаме сигнали во фреквенциското подрачје од неколку kHz до 500 kHz, многу подобар прием се остварува ако со помош на нископропусен филтер се ослабнат јаките сигнали од радиодифузните станици на средни бранови (530 - 1620 kHz), кои поради својата моќ, можат да го „заглушат“ широкопојасниот влезен дел на радио-приемникот и да оневозможат квалитетен прием на послабите сигнали на пониските фреквенции. За таа цел се потрудив да пресметам и направам нископропусен филтер. Се одлучив за 9-член филтер од видот „Chebyshev“ бидејќи има голема стрмнина и слабеењето на сигналите од АМ-радиоадифузниот опсег ќе биде поголемо.

Велат „Една слика вреди 1000 зборови“, па во продолжение објавувам неколку слики кои целосно го објаснуваат овој филтер, па можете и Вие сами да го направите.

schema_small

 

lpf1_small

 

lpf2_small

За дизајнирање и пресметки на елементите, односно моделирање на филтерот го користев софтверот „Iowa Hills RF FIlter Design“. Притоа направив моделирање на вредностите при различна вредност на бранување (ripple) во пропусниот опсег на филтерот за да можам да одберам вредности на елементите кои се најблиску до стандардните, односно до оние кои ги имав:

lpf_presmetki_small

Согласно добиените резултати од горната табела, одбрав дека најмногу ми одговараат вредности на елементите на филтерот при бранување во пропусниот опсег помеѓу 0.4 и 0.45 dB. Потоа го направив филтерот и со помош на него приемот на сигналите во фреквенциското подрачје до 500 kHz беше многу подобар, без пречки од моќните среднобранови радиодифузни станици.

 


I Z33T home page I страници на македонски јазик I