mk_z33t

ПРЕПРАВКА НА ICOM IC-756 PRO2 ЗА ДА МОЖЕ ДА ЕМИТУВА ВО ЦЕЛИОТ ФРЕКВЕНЦИСКИ ОПСЕГ


I Z33T home page I страници на македонски јазик I


ICOM IC-756 Pro2 е популарен радиоаматерски трансивер за кратки бранови плус 50 MHz. Приемникот може да ги прима сите фреквенции од 30 kHz до 60 MHz континуирано, а предавателот може да испорача 100 W РФ излезна моќ на сите радиоаматерски краткобранови опсези плус 50 MHz. Предавателот фабрички е ограничен да може да емитува само во рамките на радиоаматерските опсези. Со оваа модификација предавателот ќе може да емитува на било која фреквенција од 0,5 MHz do 60 MHz.

Процедура:

Поставете го трансиверот на масата со лицето кон Вас и со горната страна надолу. Отстранете го долниот капак.

ic756_mk_small

(кликнете на горнава слика за да ја видете во висока резолуција)

 

На десната страна ќе забележете една метална кутија. Тоа е DSP-модулот. Внимателно откачете го DSP-модулот и тргнете го на страна:

ic756_dsp_small

(кликнете на горнава слика за да ја видете во висока резолуција)

 

dsp_removed_small1

(кликнете на горнава слика за да ја видете во висока резолуција)

 

Откако ќе го тргнете DSP-модулот, ќе можете да ги видете SMD-диодите кои треба да се отстранат (одлемат). Погледнете ја долната слика:

bafore_mod_smal

(кликнете на горнава слика за да ја видете во висока резолуција)

 

Местото на печатената плочка каде што се наоѓаат диодите што треба да се отстранат се наоѓа под DSP-модулот. Внимателно, со помош на наочари или лупа (стакло за зголемување) треба да ги одлемите SMD диодите кои се посочени со црвени стрелки на долнава слика:

before_mkd_small

(кликнете на горнава слика за да ја видете во висока резолуција)

 

Диодите се многу малечки, затоа оваа процедура треба да се направи многу внимателно

after_mkd_small

(кликнете на горнава слика за да ја видете во висока резолуција)

 

На долнава фотографија можете да видете колку се мали SMD диодите:

ic706_7

(кликнете на горнава слика за да ја видете во висока резолуција)

 

Откако ќе ги одлемите диодите како што е објаснето погоре, вратете го долниот капак на своето место и зашрафете го. Вклучете го уредот. Тој сам ќе се рестартира и готово ! Предавателот е „отклучен“ и ќе може да емитува на сите фреквенции во рамките на радиоаматерските опсези, но и надвор од нив. Од приближно 0,5 MHz до околу 60 MHz континуирано! Се разбира, емитувањето надвор од аматерските фреквенции не е дозволено! Исто така, предавателот е нагоден да емитува со пропишана моќ само во радиоаматерските опсези. Надвор од нив, моќта на предавателот е помала...


I Z33T home page I страници на македонски јазик I