mk_z33t

ПРЕПРАВКА НА ICOM IC-706 MKIIG ЗА ДА МОЖЕ ДА ЕМИТУВА ВО ЦЕЛИОТ ФРЕКВЕНЦИСКИ ОПСЕГ


I Z33T home page I страници на македонски јазик I


Трансиверот ICOM, IC-706mkIIg е многу популарен помеѓу радиоаматерите. Неговата популарност се должи пред се на неговата цена и на можноста за работа на сите аматерски подрачја на кратки бранови, VHFи UHF. Приемникот на овој трансивер може да ги прима сите фреквенции континуирано од 30 kHz па до 200 MHz, и од 400 до 470 MHz. Предавателот е фабрички ограничен да може да емитува само во рамките на радиоаматерските подрачја. Со оваа модификација се овозможува предавателот да може да емитува во целиот фреквенциски опсег. Оваа преправка се однесува на IC-706mkIIg - европска верзија.

Постапка:

Поставете го уредот со лицето кон вас. отшрафете ги шрафовите кои го држат капакот и внимателно подигнете го капакот, бидејќи кабелчето до звучникот е доста кратко. Можете да го откачите конекторот од кабелчето до звучникот или вака, како јас што направив, внимателно да го ставете капакот до уредот без да го оптегнувате многу кабелчето за да не се оштети:

 

ic706_1

(кликнете на фотографијата за да ја видете во висока резолуција)

 

ic706_2

(кликнете на фотографијата за да ја видете во висока резолуција)

Местото каде што се наоѓаат диодите кои треба да ги отстранете е означено со црвениот круг:

ic706_3

(кликнете на фотографијата за да ја видете во висока резолуција)

 

ic706_4

(кликнете на фотографијата за да ја видете во висока резолуција)

Внимателно со соодветно лемило, користејќи наочари или лупа за зголемување, треба да се одлемат диодите кои се наоѓаат на местото број 5, 6 и 9 (од лево кон десно) треба да остане само една диода на местото број 10 (има вкупно 11 места за диоди):

ic706_5

(кликнете на фотографијата за да ја видете во висока резолуција)

Диодите се многу малечки и затоа треба оваа постапка да се направи со големо внимание:

ic706_6

(кликнете на фотографијата за да ја видете во висока резолуција)

 

ic706_7

(кликнете на фотографијата за да ја видете во висока резолуција)

 

Откако ќе ги одлемите диодите број 5, 6 и 9, вратете го капакот на своето место и зашрафете го. Вклучете го уредот. Тој сам ќе се рестартира и готово ! Предавателот е „отклучен“ и ќе може да емитува на сите фреквенции во рамките на радиоаматерските опсези, но и надвор од нив. Од приближно 0,5 MHz до околу 175 MHz континуирано. Потоа од 400 MHz до 470 Mhz ! Се разбира, емитувањето надвор од аматерските фреквенции не е дозволено! Исто така, предавателот е нагоден да емитува со пропишана моќ само во радиоаматерските опсези. Надвор од нив, моќта на предавателот е помала...

 


I Z33T home page I страници на македонски јазик I