mk_z33t

ЕДНОСТАВЕН МУЛТИВИБРАТОР-ОСЦИЛАТОР СО КОМПЛЕМЕНТАРНИ ТРАНЗИСТОРИ


I Z33T home page I страници на македонски јазик I


УЧИМЕ ДА ГРАДИМЕ ЗАЕДНО!

(дел од курсот по радиотехника и електроника за радиоаматери - почетници)

Ова е една практична градба на едноставен астабилен мултивибратор (осцилатор) со комплементарен пар на транзистори.

Освен што ќе се запознаат со работата на еден од основните електронски склопови, а тоа е мултивибраторот, со изработката на овој уред, младите радиоаматери ќе научат дел од тајните на електрониката и практичната примена на едноставен електронски нискофреквентен осцилатор, кој може да работи самостојно или како дел од посложени електронски системи.

Овој транзисториски осцилатор може да има повеќе практични примени, како на пример::

shema1c

Потребен материјал

Аудио осцилатор (тон генератор)
На почетокот од овој проект е прикажана електричната шема на едноставен нискофреквенциски осцилатор (мултивибратор) со комплементарни транзистори. Комплементарни транзистори се нарекуваат два транзистори со слични карактеристики, од кои еден е NPN, а другиот е PNP.

Поврзете ги елементите од горнава шема користејќи монтажна плочка или претходно изработена печатена плочка. Внимавајте на правилно приклучување на транзисторите, бидејќи доколку се поврзат погрешно, ќе изгорат. На следниве слики може да се види распоредот на приклучоците (база, емитер и колектор), за некои видови на транзистори:

bc107a . bc141a

bc547a . bd137a

Принцип на работа
Кога се приклучи напонот од батеријата, најнапред се полни кондензаторот преку отпорникот. Кога напонот на краевите на кондензаторот (и на базата на Т1) ќе достигне доволна вредност, тогаш транзисторот Т1, а потоа и Т2 се „отвораат“, односно започнуваат да спроведуваат и го празнат кондензаторот, напонот на неговите краеви падне под вредноста на отворање на транзисторот Т1, па Т1, а веднаш потоа и Т2 се „затворат“, односно престанат да спроведуваат, при што започнува нов циклус на полнење. На тој начин, со полнење и празнење на кондензаторот и со отворање и затворање на транзисторите, на краевите од звучникот се јавува пулсирачки напон  со определена фреквенција. Овој напон звучникот го претвора во звук со истата фреквенција, и ние со нашето сетило за слух го слушаме звукот со таа фреквенција, односно боја на тон.
Доколку вредностите на отпорникот и кондензаторот се многу големи, фреквенцијата ќе биде многу ниска, дури нечујна за нашето уво, па во таков случај овој уред можеме да го користиме како метроном или светлосен трепкач, така што наместо звучник, ќе приклучиме малечка светилка од батерсика ламба.

Осцилаторот може да работи со напон од 3 до 12 волти, а висината на тонот (фреквенцијата на осцилациите) зависи вкупната отпорност на (R + P) и капацитетот на кондензаторот C. Доколку вредностите на отпорноста и капацитетот се зголемат, фреквенцијата на осцилаторот ќе се намали и обратно. Со променливиот отпорник (тример потенциометар) може да се менува висината на тонот по желба.

На следнава шема е прикажан едноставен метроном. Тоа е уред за давање на звучни сигнали (такт) при пеење или компонирање на музика. Шемата е иста како кај звучниот осцилатор, само што вредностите на кондензаторот се зголемени за 1000 пати, па сега наместо кондензатор од 10nF е употребен кондензатор од 10µF, со што фреквенцијата на осилаторот е намалена за 1000 пати. Со променливиот отпорник (тример потенциометар) може да се менува фреквенцијата на тактот кој го дава овој метроном.

shema_metronom

 

Сега ако наместо звучник приклучиме малечка сијаличка за напон од 4 до 9 волти (во зависност од напонот на напојување на осцилаторот), таа ќе трепка (ќе се пали и гаси) со фреквенција која може да се менува со менување на отпорноста на тример потенциометарот (P).

shema_trepkac

 

Мoже слободно да експериментирате со вредностите на отпорникот и кондензаторот и на тој начин да се види зависноста на фреквенцијата на овој осцилатор, од вредностите на R и C.

 


I Z33T home page I страници на македонски јазик I