mk_z33t_kir

Dunestar Банд-пас Филтер 300-21 (21 МHz / 200 W)


I Z33T home page I страници на македонски јазик I


Dunestar е познат бренд на филтери за радиоаматерски опсези. Банд-пас филтерите (филтери пропусници на опсег) се триполни филтери составени од две осцилаторни кола капацитивно спрегнати меѓусебно. Осцилаторните кола имаат висок Q-фактор, а слабеењето во пропусниот опсег е околу 0.6 до 0.7 dB. Иако на филтрите пишува 300, сепак фабриката препорачува овие филтри да се приклучуваат на предавател со максимална моќ до 200 W (пик) за SSB иi CW, односно максимална моќ од 100 W за RTTY и тоа не континуирано емитување! Цената на еден филтер е околу 75 долари.

21

Филтерот е сместен во алуминиумска кутија со внатрешни димензии 124 х 50 х 50 mm. Во продолжение се слики од внатрешноста на филтерот. Можете да кликнете на секоја од сликите, за да се прикаже фотографија со поголема резолуција. Доколку сакате да ја снимете фотографијата со висока резолуција на Вашиот компјутер, тоа можете да го сторете откога ќе го отворете прозорецот со фотографијата во висока резолуција, со десен клик - save image as... или кликнете на стрелката за download-ирање во горниот десен агол од прозорот со фотографијата во висока резполуција:

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

 

На следните две слики е прикажано мерењето на филтерот. Првата слика е без филтер а втората е со филтерот Dunestar 300-21 (за 21 MHz). Имајте предвид дека фреквенцијата прикажана на спектрумот е повисока за 120 MHz од реалната, бидејќи фреквенцијата на локалниот осцилатор во спектрум анализаторот е 120 MHz. На тој начин фреквенцијата од 21 MHz на сликата ќе биде 141 MHz. Фреквенцискиот опсег (frequency span) прикажан на сликите е 50 MHz.

Кликнете на сликите за да се отвори прозорец со фотографија во висока резолуција. Доколку сакате да ја снимете фотографијата со висока резолуција на Вашиот компјутер, откога ќе го отворете прозорецот со фотографијата во висока резолуција, тоа можете да го сторете со десен клик - save image as... или кликнете на стрелката за download-ирање во горниот десен агол од прозорот со фотографијата во висока резолуција) :

bf50

sf

 

 

 

 


I Z33T home page I страници на македонски јазик I