mk_z33t_kir

Dunestar Банд-пас Филтер 300-14 (14 МHz / 200 W)


I Z33T home page I страници на македонски јазик I


Dunestar е познат бренд на филтери за радиоаматерски опсези. Банд-пас филтерите (филтери пропусници на опсег) се триполни филтери составени од две осцилаторни кола капацитивно спрегнати меѓусебно. Осцилаторните кола имаат висок Q-фактор, а слабеењето во пропусниот опсег е околу 0.6 до 0.7 dB. Иако на филтрите пишува 300, сепак фабриката препорачува овие филтри да се приклучуваат на предавател со максимална моќ до 200 W (пик) за SSB иi CW, односно максимална моќ од 100 W за RTTY и тоа не континуирано емитување! Цената на еден филтер е околу 75 долари.

14

Филтерот е сместен во алуминиумска кутија со внатрешни димензии 124 х 50 х 50 mm. Во продолжение се слики од внатрешноста на филтерот. Можете да кликнете на секоја од сликите, за да се прикаже фотографија со висока резолуција. Доколку сакате да ја снимете фотографијата со висока резолуција на Вашиот компјутер, откога ќе го отворете прозорецот со фотографија во висока резолуција, тоа можете да го сторете со десен клик - save image as... или кликнете на стрелката за download-ирање во горниот десен агол од прозорецот со фотографијата во висока резполуција:

 

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

 


I Z33T home page I страници на македонски јазик I