zname_mk mk_z33t zname_mk

ОДЛИЧНА ШИРОКОПОЈАСНА ПЕТ ЕЛЕМЕНТНА VHF ЈАГИ АНТЕНА (144-146 MHz)


I Z33T home page I страници на македонски јазик I


- Евтина, лесна, мала, 5 елементна VHF антена која лесно може да се изработи.

- Одлични перформанси, чист главен сноп на зрачење и голем однос напред-назад.

- Засилување = 10.15 dBi, односно 8 dB во однос на дипол (dBd).

- Антената има одличен SWR во многу широк работен фреквенциски опсег, многу поширок од радиоаматерското подрачје (144-164 MHz).

- Идеална антена за почетници во ова хоби, зашто мали грешки во димензиите при изработката нема да имаат големо влијание на крајниот резултат.

- Напојувањето е со коаксијален кабел 50 оми приклучен директно на диполот од антената. Пожелно е да се направи 1:1 балун веднаш до точката на напојување, но не мора. Балунот служи за симетрирање на несиметричниот коаксијален кабел кон симетричната точка за напојување на антената, без трансформација на импедансата. Името BALUN доаѓа од англискиот израз BALanced-UNbalanced.

- Должината на антената изнесува само 156 cm, а носачот е со должина од 160 cm.

- Сите елементи се изработени од алуминиумски цевки со дијаметар од 8 mm.

- Носачот на антената (Boom) е направен од алуминиумски квадратен профил 20х20mm.

- Елементите можат да бидат изолирани од носачот на антената, или да бидат заварени на алуминиумскиот носач.

- Ако елементите се изолирани од алуминиумскиот носач, тогаш должините им се пократки, а ако елементите се заварени на алуминиумскиот носач, должината на елементите треба да се продолжат поради влијание на металниот носач.

- Антената ја проектирав и моделирав по барање на еден мој пријател, Љубомир Димовски, Z31GH. Тој ја изработи и беше презадоволен. Оттогаш се направени многу вакви антени од повеќе радиоаматери со одлични резултати. Потребно е само да се внимава димензиите да бидат согласно шемата подолу.

 

1

Шема и податоци за антената:

2

 

Одличен SWR во широк фреквенциски опсег:

3

 

Дијаграм на зрачење на антената. Со сина боја е пресек на снопот во вертикална рамнина, а со црвена боја е пресек на снопот во хоризонтална рамнина:

4

 

Димензиите на антената во софтверот за проектирање и моделирање:

5

6

 

Тридимензионален приказ на зрачењето на антената:

7

8

9

10

 

Љубе, Z31GH ја изработи антената и ми испрати неколку фотографии. Откако виде дека антената има одлични перформанси, Љубе направи уште неколку вакви антени. Некои за себе, а некои за пријатели - радиоаматери:

11

 

Детал од изработката на БАЛУН направен од Z31GH за прилагодување на балансираната антена кон небалансираниот коаксијален кабел. Пет навивки на коаксијалниот кабел RG-58 се доволни.

12

 

Друга верзија на БАЛУН изработен исто така од Љубе, кој замина да живее во Германија и таму доби германски радиоаматерски знак DL1GH. Оваа антена на сликата подолу Љубе ја направил за еден негов пријател од тамошниот германски радио клуб:

12b

13

 

Драган Стојаноски, Z33DSA ми испрати неколку фотографии од неговите антени изработени по овој дизајн (тој до сега има направено дури три вакви антени и ми кажа дека планира да направи уште неколку за радиоаматери од неговиот радио клуб):

21

22

23

24

25

25а

26

 

- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -

Миле Кокотов (2017 година)

Авторот е магистер по технички науки, со искуство од речиси 40 години во РФ-техниката (професионално и аматерски)

Разгледајте ги и другите написи и проекти на неговата веб-страница


I Z33T home page I страници на македонски јазик I