ПЕТ ЕЛЕМЕНТИ UHF ЈАГИ АНТЕНА (430-440 MHz)
I Z33T home page I страници на македонски јазик I
- Евтина, лесна, мала, 5 елементна UHF антена која лесно може да се изработи.
- Одлични перформанси, чист главен сноп на зрачење и голем однос напред-назад
- Засилување = 10.65 dBi, односно 8.5 dB во однос на дипол (dBd)
- Антената има одличен SWR во целото UHF радиоаматерско фреквенциско подрачје (430-440 MHz).
- Идеална антена за почетници во ова хоби, зашто антената е проверена во пракса и дава одлични перформанси, а мали грешки во димензиите при изработката нема да имаат големо влијание на крајниот резултат.
- Напојувањето е со коаксијален кабел 50 оми приклучен директно на диполот од антената. Пожелно е да се направи 1:1 балун веднаш до точката на напојување, но не мора. Балунот служи за симетрирање на несиметричниот коаксијален кабел кон симетричната точка за напојување на антената, без трансформација на импедансата. Името BALUN доаѓа од англискиот израз BALanced-UNbalanced.
- Должината на антената изнесува само 59 cm од рефлекторот (R) до последниот директор (D3), а носачот е со должина од 62 cm. За портабл работа носачот може да се пушти подолг од задната страна, позади рефлекторот, за да може да се држи во рака.
- Сите елементи се изработени од месингени електроди за заварување со дијаметар од 2.5 mm. Наместо месингени електроди, може да се употреби бакарна жица (од ПВЦ кабел за струја 6 мм2, односно дијаметар од 2.6 mm, откако ќе се симне ПВЦ изолацијата)
- Носачот на антената (Boom) е направен од пластична цевка за водоводни инсталации со дијаметар од 25 mm.
- Направени се многу вакви антени од повеќе радиоаматери со одлични резултати. Потребно е само да се внимава димензиите да бидат согласно шемата подолу.
SWR и ширина на фреквенцискиот опсег:
Дефиниција на елементите на антената во софтверот за моделирање:
Хоризонтален и вертикален дијаграм на зрачење:
3Д графички приказ на зрачењето на антената:
Многу хобисти радиоаматери ја имаат направено оваа антена и се задоволни од добиените резултати. Еден од нив е Боби, Z33PB. Тој ја направи антената за да го зголеми дометот на неговата рачна радиостаница. Боби често оди на прошетка во околината на неговиот град Битола, вклучувајќи и искачување до некои од повисоките места на планината Баба и нејзиниот највисок врв Пелистер, а со себе речиси секогаш ја носи својата рачна радиостаница. Како радиоаматер, тој е љубител на одржување на далечни радиоврски на УКБ, па не испушта прилика да одржи по некоја радиоврска со други радиоаматери особено кога е на излет во планина. Со својата евтина кинеска рачна радиостаница Баофенг и со оваа антена, Боби има одржано многу далечни радиоконтакти на големи растојанија, дури до 200 km и повеќе. Еве го на сликата подолу со својот Баофенг и портабл верзијата на оваа антена што сам си ја направи според шемата во овој напис погоре:
- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -
Миле Кокотов (2022 година)
Авторот е магистер по технички науки, со искуство од речиси 40 години во РФ-техниката (професионално и аматерски)
Разгледајте ги и другите написи и проекти на неговата веб-страница
I Z33T home page I страници на македонски јазик I