zname_mk mk_z33t zname_mk

МОКСОН АНТЕНА ЗА UHF (430-440 MHz)


I Z33T home page I страници на македонски јазик I


- Евтина, лесна, мала, UHF антена која лесно може да се изработи.

- Одлични перформанси, чист широк главен сноп на зрачење и исклучително голем „остар“ однос напред-назад. Тоа понекогаш може да биде многу корисно за да се „отстрани“ несакан РФ-сигнал кој прави пречки во приемот.

- Засилување = 6.15 dBi, односно 4 dB во однос на дипол (dBd)

- Антената има низок SWR во целото UHF радиоаматерско фреквенциско подрачје (430-440 MHz).

- Антената е проверена во пракса и дава многу добри перформанси во однос на својата големина. Потребно е само да се внимава димензиите да бидат согласно шемата подолу

- Напојувањето е со коаксијален кабел 50 оми приклучен директно на местото за напојување на антената.

- Должината на антената изнесува само 25 cm , а ширината е 9 cm.

- Сите елементи се изработени од месингени електроди за заварување со дијаметар од 2.5 mm. Наместо месингени електроди, може да се употреби бакарна жица (од ПВЦ кабел за струја 6 мм2, односно дијаметар од 2.6 mm, откако ќе се симне ПВЦ изолацијата)

- Носачот на антената (Boom) е направен од пластична цевка за водоводни инсталации со дијаметар од 20 или 25 mm. Пластичната цевка може да биде подолга за да може да се држи во рака или да се прицврсти на некој држач.

1

2

Димензиите на антената се пресметани со Moxon-калкулатор:

3

4

Носачот на антената (Boom) е направен од пластична цевка за водоводни инсталации со дијаметар од 20 или 25 mm:

5

6

 

Две мали пластични цевчиња во кои тесно влегуваат месингените краеви на елементите служат за да осигураат константно растојание помеѓу рефлекторот и напојувачкиот елемент на двете страни:

7

8

9

10

11

12

 

Димензиите на антената се внесени во софтверот за моделирање и оптимизација:

13

 

Дијаграм на зрачење на антената во хоризонтална и вертикална рамнина:

14

 

SWR и ширина на работниот фреквенциски опсег на антената:

15

16

 

3Д приказ на зрачењето на антената:

17

18

19

 

Моксон антената за UHF заедно со 5 елементна UHF Јаги антена и мала рачна радиостаница за споредба:

20

- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -

Миле Кокотов (2022 година)

Авторот е магистер по технички науки, со искуство од речиси 40 години во РФ-техниката (професионално и аматерски)

Разгледајте ги и другите написи и проекти на неговата веб-страница


I Z33T home page I страници на македонски јазик I