zname_mk mk_z33t zname_mk

ТРИ ЕЛЕМЕНТИ ЈАГИ АНТЕНА ЗА 868 MHz (Helium Mining)


I Z33T home page I страници на македонски јазик I


- Евтина, лесна, мала, 3 елементна Yagi антена која лесно може да се изработи, со што ќе се добие поголем сигнал во саканата област на покривање на LoRaWAN хотспотот, многу повеќе witness и rewards во однос на оригиналните фабрички антени кои одат со хотспотот.

- Одлични перформанси, чист главен сноп на зрачење - особено погодна за места од каде треба де се покрие област под широк агол од речиси 180 степени

- Засилување = 7.11 dBi, односно 5 dB во однос на дипол (dBd)

- Антената има одличен SWR во целото LoRaWAN фреквенциско подрачје (868 MHz), така што предавателот на хотспотот ќе може лесно да ја испорача целата своја РФ-моќ во антената, а преку неа во просторот.

- Идеална антена за почетници, зашто антената е проверена во пракса и дава одлични перформанси, а мали грешки во димензиите при изработката нема да имаат големо влијание на крајниот резултат.

- Напојувањето е со коаксијален кабел 50 оми приклучен директно на диполот од антената. Пожелно е да се направи 1:1 балун веднаш до точката на напојување, но не мора. Балунот служи за симетрирање на несиметричниот коаксијален кабел кон симетричната точка за напојување на антената, без трансформација на импедансата. Името BALUN доаѓа од англискиот израз BALanced-UNbalanced.

- Должината на антената изнесува само 10 cm од рефлекторот (R) до последниот директор (D3), а носачот може да биде подолг (на пример 30 cm) за да може да се прицврсти на некоја метална цевка.

- Сите елементи се изработени од месингени електроди за заварување со дијаметар од 2.5 mm. Наместо месингени електроди, може да се употреби бакарна жица (од ПВЦ кабел за струја 6 мм2, односно дијаметар од 2.6 mm, откако ќе се симне ПВЦ изолацијата)

- Носачот на антената (Boom) е направен од пластична цевка за водоводни инсталации со дијаметар од 20 mm.

За носач на една од неколкуте антени што ги направив, употребив носач од бакелит, така што од бакелитна табла (што се употребува за електрични осигурувачи) исеков со убодна пила еден облик кој ми послужи како носач на елементите на антената и носач на металните шелни за прицврстување на вертикална цевка. Оваа иработена антена може да се види на фотографиите на крајот од овој напис.

- Носачот на антената (Boom) може да биде и метален, на пример алуминиумска цевка или алуминиумски профил 15х15 mm, но тогаш елементите треба да бидат монтирани на пластичен отстојник, на растојание од минимум 5 mm од металниот носач.

 

yagi

 

Дефинирање на елементите на антената во 4nec2 софтверот за моделирање и оптимизација на антени:

yagi3el

 

SWR и ширина на фреквенцискиот опсег:

swr

 

Засилување на антената (во dBi) и однос напред/назад (Front/Back):

gain

 

Хоризонтален и вертикален дијаграм на зрачење:

zracenje

 

3Д графички приказ на зрачењето на антената:

3d

 

3d2

 

3d3

 

Дијаграм на зрачење на антената кога е насочена кон набљудувачот:

3d4

 

 

 

Дијаграм на зрачење (во вертикална рамнина) на една вертикално поставена три елементна Јаги антена (поглед од страна):

yagi_3el_v

 

 

Дијаграм на зрачење (во вертикална рамнина) на систем од две фазирани вертикално поставени три елементни Јаги антени, монтирани една над друга на растојание од 345 mm (поглед од страна):

2x3el_yagi_v

 

 

Дијаграм на зрачење (во хоризонтална рамнина) на систем од две фазирани вертикално поставени три елементни Јаги антени, монтирани една над друга на растојание од 345 mm (поглед одозгоре):

2x3el_stuck

 

Во продолжение се фотографии од изработката на една од неколкуте антени од овој вид што ги направив. Носачот на оваа антена го исеков од една бакелитна табла со дебелина од 5 mm. Бакелитна табла може да се набави во продавница за електрични делови и железарија. Се употребува за изработка на табла за електрични осигурувачи. Поради своите изолаторски карактеристики и цврстина, може да послужи како одличен носач за помали Јаги антени. Најнапред на еден лист хартија го нацртав обликот на носачот, а потоа го исеков со убодна пила. Користев пила за сечење на метал бидејќи бакелитот е многу цврст материјал.

 

z21s

z22s

z23s

z24s

z25s

z26s

 

Елементите ги прицврстив со пластечни затеги, а потоа ги фиксирав со двокомпонентно епоксидно лепило (Poxipol):

z27s

z28s

z29s

 

z30s

 

Измерените карактеристики на направената антена покажуваат дека параметрите на антената се речиси идентични со проектираните во софтверот за моделирање и оптимизација на антени:

zzz1s

(кликнете на горнава слика за да ја видете во повисока резолуција)

 

zzz2s

(кликнете на горнава слика за да ја видете во повисока резолуција)

- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -

 

Еве уште една иста антена, ама правена неколку месеци подоцна, во февруари 2023 година:

 

На фотографијата се гледа коаксијалното кабелче за диполот, двата елементи на диполот изработени од месингена електрода (2.5mm) со должина од по 81 mm, како и мала пластична кутиичка во која ќе се направи спојот на коаксијалното кабелче со елементите на диполот и ќе се залие со двокомпонентно епоксидно лепило:

z41s

 

На едниот крај на коаксијалниот кабел има ставено женски N-конектор а другиот крај се подготвува за да се залемат двете половини од диполот:

z42s

z43s

z44s

 

Елементите на диполот се залемени на коксијалниот кабел:

z45s

z46s

 

На малата пластична кутиичка се направат исечоци на соодветни места за да се сместат кабелот и елементите како на сликата подолу:

z47s

 

Потоа кутиичката се исполнува со двокомпонентен епоксиден лепак (јас користев Poksipol-transparent), за да се заштити од навлегување на влага:

z48s

z49s

 

Антената е готова и може да се приклучи на Векторски анализатор на РФ-мрежи за да се измерат карактеристиките:

z50s

 

Измерените вредности се одлични - точно такви какви што треба да бидат:

z51s

 

Елементите од месинг се прицврстени на бакелитниот носач со пластични стеги, а потоа местата на споевите се залиени со двокомпонентно епоксидно лепило:

z52s

 

Антената е монтирана и приклучена кон хотспотот со параче коаксијален кабел LMR-400:

z81s

z82s

 

 

- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -

Миле Кокотов (2022 година, дополнето во февруари 2023 година)

Авторот е магистер по технички науки, со искуство од речиси 40 години во РФ-техниката (професионално и аматерски)

Разгледајте ги и другите написи и проекти на неговата веб-страница


I Z33T home page I страници на македонски јазик I