zname_mk mk_z33t zname_mk

BIQUAD НАСОЧЕНА АНТЕНА ЗА 868 MHz (Helium Mining)


I Z33T home page I страници на македонски јазик I


Ова е една одлична насочена антена за 868 MHz. Лесна е за изработка, а перформансите и се фантастични, особено ако местото каде се поставува Хелиум-хотспотот е на периферија од град кон кој ќе се насочи антената. Во таков случај резултатот е далеку подобар отколку да се употреби антена со кружен дијаграм на зрачење, односно прием. Со BiQuad антената ќе се добие поголем сигнал во саканата област на покривање на LoRaWAN хотспотот, многу повеќе witness и rewards.

Антената се состои од елемент изработен од месингена електрода со дијаметар 2.5мм свиткан во форма на двоен квадрат (Bi-QUAD), поставен пред една поголема рамна метална површина која служи како рефлектор на радиобрановите емитувани од Bi-Quad-елементот. Одбрав тоа да биде месингена електрода затоа што е евтина и ја има во секоја продавница за железарија.

Рефлекторот може да биде во вид на правоаголник, квадрат или круг. Јас сум ја правел оваа антена со различни рефлектори и за различни фреквенции и секогаш антената давала одлични резултати. Само треба да се внимава димензиите на рефлекторската површина да бидат еднакви или поголеми од 320 x 320 mm за оваа фреквенција од 868 MHz. Како многу практично и евтино решение за рефлектор може да се употреби алуминиумска тава со дијаметар од 420 mm. Такви тави се продаваат на Бит Пазар за околу 200 денари.

- Засилувањето на антената ( со рефлектор 320x320 mm) е 10.2 dBi (реални). Ако се стави поголем рефлектор позади Bi-Quad елементот, (на пример 400х400мм или тава со дијаметар 420 mm) засилувањето може да достигне максимум од околу 11.2 dBi)

Како рефлектор може да се користи и метална мрежа, доколку отворите (дупките) на мрежата не се поголеми од 18х18 mm (за ова фреквенциско подрачје). Во таков случај мрежата треба да се постави (прицврсти) на некоја соодветна рамка за да биде оптегната и рамна по целата површина.

 

biquadovi

 

- Антената има одличен SWR во целото LoRaWAN фреквенциско подрачје (868 MHz), така што предавателот на хотспотот ќе може лесно да ја испорача целата своја РФ-моќ во антената, а преку неа во просторот.

- Ова е антена која можат да ја изработат и почетници, зашто антената е проверена во пракса и дава одлични перформанси, а мали грешки во димензиите при изработката нема да имаат големо влијание на крајниот резултат.

- Напојувањето е со коаксијален кабел 50 оми приклучен директно во точките XX на Bi-Quad-елементот (види ги сликите подолу)

- Растојанието на Bi-Quad елемeнтот од рефлекторот е 44.5 mm.

- Bi-Quad елементот е изработен од месингена електрода со дијаметар 2.5 mm или бакарна жица (без изолација) со ист дијаметар.

 

shema-small

(кликнете на горната слика за да ја видете во повисока резолуција)

 

SWR и ширина на фреквенцискиот опсег:

swr

 

Импеданса, реална отпорност, реактивна отпорност и фаза на антената :

z-r-jx

 

Хоризонтален и вертикален дијаграм на зрачење:

diagram

 

3Д графички приказ на зрачењето на антената:

3d

3d1

 

Дијаграм на зрачење на антената кога е насочена кон набљудувачот:

3d2

 

Дијаграм на зрачење на антената (поглед од страна):

3d3

3d4

 

Дијаграм на зрачење на антената (поглед од позади):

3d5

 

Дијаграм на зрачење на антената (поглед одозгора):

3d6

 

BiQUAD-антена изработена со правоаголен рефлектор од поцинкуван лим:

lim1

lim2

 

BiQUAD-антена изработена со рефлктор од округла алуминиумска тава со дијаметар од 420mm:

tava1

tava2

tava3

tava4

tava5

 

Задоволството е непроценливо кога проектираната и изработена антена е потврдена со практично мерење на сите параметри:

nanovna

Измерени карактеристики на BiQUAD-антената со векторски анализатор на РФ-мрежи.

 

BiQUAD-елементот наместо од месингена електрода, може да се изработи од бакарна жица од ПВЦ електроенергетски кабел со пресек од 10 mm2 (полн, не лицнест). Најнапред се отстранува ПВЦ изолацијата и се пресекува едно парче бакарна жица со должина од точно 684 mm. Оваа жица има пресек од 10 mm2, а дијаметарот и е 3.57mm. Бидејќи ваквиот проводник е подебел од месингената електрода со дијаметар од 2.5 mm, должината треба да биде пократка (должината изнесува точно 684 mm). Добро е да се пресече за 1 до 2 mm подолго парче, па потоа со турпија за метал, полека се доведува до точната должина. Бакарот е мек, па тоа лесно и брзо се прави:

biquad-10mm2

 

 

- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -

Миле Кокотов (2022 година)

Авторот е магистер по технички науки, со искуство од речиси 40 години во РФ-техниката (професионално и аматерски)

Разгледајте ги и другите написи и проекти на неговата веб-страница


I Z33T home page I страници на македонски јазик I