zname_mk mk_z33t zname_mk

ПРЕЦИЗЕН ИНСТРУМЕНТ ЗА МЕРЕЊЕ НА ИЗЛЕЗНА РФ-МОЌНОСТ НА РАДИОСТАНИЦИ


I Z33T home page I страници на македонски јазик I


ПРЕЦИЗЕН RF-POWERMETER
Ова е едноставен, но многу прецизен мерач на излезна РФ-моќност на радиопредаватели и радиостаници (домашна изработка).

Инструментов може да се употребува и како вештачко оптоварување од 50 оми (вештачка антена), при разни РФ мерења на радиопредавателите.


Фреквенциско подрачје: 0 до 2 GHz
Може да мери од 10 mW до 120 W

schematic

(кликнете на горнава шема за да ја видете во повисока резолуција)

 

Употребен е специјален неиндуктивен отпорник од 50 оми / 250W, но мене ми беше доволно да го калибрирам инструментот до 120W. Отпорникот го набавив многу евтино (2 долари) преку Алиекспрес.
Целиот инструмент ме чинеше околу 1500 денари, што е неспоредливо поевтино во однос на фабричките слични иснтрументи со надувани цени.

Точноста е повеќе од потребната за сите радиоаматерски цели. Нема да прецизирам, ама овој домашно изработен инструмент се покажа дека е поточен од неколку фабрички инструменти за мерење на РФ-моќност од многу познати брендови кои чинат десетици пати поскапо.

 

sl20

 

На предната страна од иструментот има приклучок за дигитален волтметар (DVM), со помош на кој може да се измери точниот РФ-напон, а потоа да се пресмета точната моќност според Омовиот закон. Тоа значи дека дури и да немаме аналоген инструмент, може да се направи овој мерач на РФ-моќност и да се користи обичен дигитален волтметар при мерењето. (Во таков случај треба да се земе предвид падот на напонот на диодите BAT41).

Употребени се три сериски поврзани шотки диоди (BAT41). Падот на напонот на сите три сериски поврзани диоди вкупно изнесува само околу 0.3V, при струја од 100 микроампери што минува низ нив. Употребив шотки диоди BAT41 бидејќи имаат многу мал капацитет. Со сериското поврзување, тој капацитет уште повеќе се смалува, па на тој начин се овозможува мерење и на повисоки фреквенции. Дополлнително на ова, сериски поврзаните диоди можат да поднесат повисок напон, што е важно доколку се сака да се мерат РФ-моќности до 120 W.

Велат, една слика вреди илјада зборови. Во прилог се повеќе фотографии за текот на изработката, прецизното нагодување и калибрирање на овој мошне корисен инструмент. На крајот од овој напис има и неколку видеа:

 

sl1

sl2

sl3

sl5

sl7

sl9

 

sl11

sl15

sl12

sl13

sl14

sl14a

sl14b

sl14c

sl16

sl17

sl18

sl19

sl20

sl21

sl23

sl26

sl27

vna

 

vna2

 

 

На овој ЛИНК можете да видете како изгледа направениот прецизен мерач на РФ-моќност.

Овде, во ова ВИДЕО можете да видете дел од процесот на калибрирање на инструментот со помош на познат еднонасочен напон.

Мерењето на излезната РФ-моќ на едена рачна UHF радиостраница, со овој инструмент можете да го видете во видеото ОВДЕ

Еве уште едно ВИДЕО каде можете да вдете како со овој инструмент се мери излезната РФ моќ на неколку VHF/UHF радиостаници.

 

 

Миле Кокотов (2020 година)

Авторот е магистер по технички науки, со искуство од речиси 40 години во РФ-техниката и е Претседател на Радиоаматерскиот сојуз на Македонија

Разгледајте ги и другите написи и проекти на неговата веб-страница


I Z33T home page I страници на македонски јазик I