zname_mkmk_z33t_belo_kir zname_mk

ЕДНОСТАВНИ МИНИ ФМ-ПРЕДАВАТЕЛИ (88-108 МHz) ЗА ПОЧЕТНИЦИ


I Z33T home page I страници на македонски јазик I


Во раните осумдесети години од минатиот век, извесен период, мојот радио-конструкторски интерес беше насочен кон изработка на едноставни минијатурни ФМ-предаватели кои можеа да се примаат на обични ФМ-радиодифузни приемници, какви што секој ги има во својот дом или во својот автомобил.

Ова е мал FM-радиопредавател што сум го изработил пред 40-ина години. Неодмана го пронајдов помеѓу старите работи, па решив да објавам неколку фотографии.

Преку изработка на ваков едноставен ФМ-предавател, младите љубители на радиотехниката можат многу да научат.

Тоа е класичен ФМ-предавател со два транзистори и електретски микрофон. Се напојува со батерија од 9 волти и има домет од неколку десетици до неколку стотици метри, во зависност од антенката (парче жица) што ќе му се залеми.

Многу е осетлив и ако се стави во некоја просторија, може се слуша и тивко шепотење, па дури и цвркот на птиците што допира од надвор преку отворен прозорец...

Сигналот се прима на обичен ФМ-радиодифузен приемник, а досетливите радиоаматери можат да му најдат многу примени на ова едноставно ФМ-предавателче ...

Транзисторите можат да бидат BC107, BC108, BC109, BC547, BF224, 2N2222 и слични NPN примероци...

Батеријата трае неколку денови.

Меѓу фотографиите ја ставив и шемата на една варијанта на овој предавател со само еден транзистор (BD-137 или BD-139). Со оваа шема и со напон на напојување од 16V се постигнува многу поголема РФ-моќ и поголем домет на сигналот. Наместо микрофон, се приклучува некаков аудио извор. На пример излезот за слушалки на телефонот или излезот за слушалки од компјутерот. Дометот е неколку километри...

 

shema_fm1

tx1s

 

Овој ФМ-предавател е направен на ваква универзална печатена плочка која може да се купи во продавница за електронски компоненти:

tx2

tx3

tx4

tx5

tx6

tx7

tx8

tx9

tx10

 

Ако некој сака ова предавателче да го направи на специјално изработена печатена плочка, наместо на универзална плочка, еве еден предлог:

tx11

 

Ова е шемата на една варијанта на овој предавател со само еден транзистор (BD-137 или BD-139). Со оваа шема и со напон на напојување од 16V се постигнува многу поголема РФ-моќ и поголем домет на сигналот. Наместо микрофон, се приклучува некаков аудио извор. На пример излезот за слушалки на телефонот или излезот за слушалки од компјутерот. Дометот е неколку километри. Калемот е ист како за претходниот предавател, со тоа што антената се приклучува на првата навивка сметајќи од „ладнот крај“ на калемот, а тоа во овој случај е од страната на плус полот на напојувањето:

tx21

 

 

Миле Кокотов (2018 година)

Авторот е магистер по технички науки, со искуство од речиси 40 години во РФ-техниката и е Претседател на Радиоаматерскиот сојуз на Македонија

Разгледајте ги и другите написи и проекти на неговата веб-страница


 

I Z33T home page I страници на македонски јазик I