zname_mk mk_z33t zname_mk

АНАЛИЗА И ТЕСТ НА ОРИГИНАЛНАТА АНТЕНА ОД ХЕЛИУМ ХОТСПОТ „BOBCAT300“


I Z33T home page I страници на македонски јазик I


Bobcat Miner 300 е еден од најпопуларните и најупотребуваните Хелиум хотспотови во светот.

1

2

3

 

Со уредот оди фабричка антена за фреквенциското подрачје од 868 MHz. Антената е класична вертикална GP (Ground Plane) верзија, со вертикален радијатор од една четвртина бранова должина. Има краток коаксијален кабел со RP SMA конектор за да се приклучи кон хотспотот. Основата на антената е со магнет, за да може да се „залепи“ на некоја металана површина, при што металната површина игра улога на противтег. Иако фабриката декларира дека антената има 4 dBi засилување, измерените карактеристики покажуваат максимален пик од 1.31 dBi, што се поклопува со теоретското засилување на еден вертикален четвртбранов радијатор.

3a

 

Антената ја приклучив на Антенски Анализатор (Векторски анализатор на РФ-мрежи), а мерењата уште еднаш покажаа дека оригиналните фабрички антени произведени во масовна продукција (без завршно фино нагодување на точниот фреквенциски опсег за кој е направена антената) имаат едвај задоволителни перформанси.

3b

 

Антената ја тестирав во две можни варијанти на поставување, подалеку од секакви метални или неметални предмети кои би можеле негативно да влијаат на перформансите на антената:

1. Антената е поставена на неметален предмет (на поплочена бетонска подлога)

2. Антената е поставена (залепена) со сопствената магнетна основа на метална површина (метална тава) со дијаметар од 350 mm (малку подолга од една бранова должина) што е повеќе од доволно.

Како што може да се види од приложените фотографии:

- Во првиот случај, антената има прилагодување (повратно слабеење) од 9.58 dB, односно SWR од 1:1.99 на фреквенција од 868 MHz, што не е воопшто добро. Toa може да се види на следнава фотографија:

4

(кликнете на фотографијата за да ја видете во повисока резолуција)

 

 

- Во вториот случај, кога антената беше „залепена“ со сопствената магнетна основа на метална површина, перформансите беа уште полоши. Измерено е повратно слабеење од само 6.74 dB, односно SWR=1:2.7 на фреквенција од 868 MHz. Тоа може да се види на следнава фотографија:

5

(кликнете на фотографијата за да ја видете во повисока резолуција)

 

Со ова уште еднаш се потврдува фактот дека самоградба на антена нагодена за точната работна фреквенција е повеќе од оправдана, имајќи предвид дека самоградбата воопшто не е комплицирана и секој може да си направи ефикасна антена следејќи ги упатствата за изработка на проверени и во пракса докажани антени.

 

- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -

Миле Кокотов (2022 година)

Авторот е магистер по технички науки, со искуство од речиси 40 години во РФ-техниката (професионално и аматерски)

Разгледајте ги и другите написи и проекти на неговата веб-страница


I Z33T home page I страници на македонски јазик I