zname_mk mk_z33t zname_mk

НАЈЕДНОСТАВЕН АВТОМАТСКИ ПОЛНАЧ НА АКУМУЛАТОРИ


I Z33T home page I страници на македонски јазик I


Ова е можеби наједноставниот полнач на оловни акумулатори и акумулатори со гел (автомобилски акумулатори).

Полначот има можност за ограничување на струјата на полнење и заштита од краток спој на излезните приклучоци. Јас го користам многу години со одличен успех.

За струјно ограничување на полнењето се користи обична светилка со ужарено влакно која сите ја користиме за осветлување. Истата сијалица овозможува заштита од краток спој на излезните приклучоци од полначот.

ch1_mkd

 

Струјата на полнење со која ќе се полни акумулаторот зависи од моќноста на употребената сијалица и може да се види во дијаграмот подолу.

Јас го имам вградено овој полнач во соодветна метална кутија, а одозгора имам зашрафено три сијалични грла (фасонки) паралелно поврзани. На таков начин со комбиниација на една, две или три исти или различни сијалици, можам да ја одредувам струјата на полнење, во зависност од акумулаторот и од максималната струја на трансформаторот.

На почетокот од полнењето, кога акумулаторот е релативно испразнет, светилките светат со поголем сјај, зашто поголема струја поминува низ нив. Како што напонот на акумулаторот расте во текот на полнењето, сјајот на сијалиците се намалува.

Доколку намерно или ненамерно се краткоспојат излезните приклучоци на полначот, сијалицата/сијалиците светат со најголем сјај, ама ништо нема да прегори зашто струјата е ограничена од моќноста на самата сијалица.

Можат да се полнат акумулатори со напон од 6, 12 или 24 волти, без потреба да се менува ништо, само треба да се одреди моќноста на сијалицата во зависност од напонот на акумулаторот и од саканата струја на полнење. Тоа се прави со помош на долниот дијаграм.

 

ch2_mkd

 

Идејата е преземена од книгата „Мала школа електронике“ од д-р Владимир Крстиќ

- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -

Миле Кокотов (2022 година)

Авторот е магистер по технички науки, со искуство од речиси 40 години во РФ-техниката (професионално и аматерски)

Разгледајте ги и другите написи и проекти на неговата веб-страница


I Z33T home page I страници на македонски јазик I